ПРВ.мк
Македонија

СПРЕЧЕН ШВЕРЦ НА ЦИГАРИ, ТЕТОВАЖНИ АЛАТКИ И ВЕЛОСИПЕДИ — Царината откри серија прекршувања

СПРЕЧЕН ШВЕРЦ НА ЦИГАРИ, ТЕТОВАЖНИ АЛАТКИ И ВЕЛОСИПЕДИ — Царината откри серија прекршувања

Во изминатите две недели, Царинската управа регистрираше повеќе обиди за шверц и нелегален увоз на разна стока низ државата — од цигари и моторцикл, до тетоважна опрема, детски сандали и велосипеди.

Во Струмица бил запленет моторцикл „Априлиа“ со несоодветни документи, а на скопскиот аеродром бил фатен патник со 18 штеки цигари и 20 кутии тутун без акцизни марки. Цариниците откриле и илјадници парчиња тетоважна опрема скриени во камион, додека на граници и во грмушки се пронајдени фалсификувани производи и цигари.

На Блаце е задржана поголема количина стока со сомнителни ознаки на познати брендови — 3.755 детски сандали, 64 колички и 24 велосипеди. Во друг случај е откриен обид за користење фалсификувана лиценца за меѓународен превоз.

Царината порача дека контролите се засилени и ќе се дејствува без компромис кон шверцот и фалсификатите.

Сподели го овој напис