ПРВ.мк
Македонија

Седум години од Преспанскиот договор – историскиот чекор што го отвори патот кон НАТО?!

Седум години од Преспанскиот договор – историскиот чекор што го отвори патот кон НАТО?!

На денешен ден, 17 јуни, се навршуваат седум години од потпишувањето на Договорот од Преспа во селото Нивици (Псарадес) на брегот на Преспанското Езеро, од грчката страна. Овој историски договор стави крај на долгогодишниот спор за името меѓу Македонија и Грција.

Со договорот, Република Македонија се обврза да го смени уставното име во Република Северна Македонија, додека Грција официјално го призна македонскиот јазик и македонската националност. Ова отвори нова страница во односите меѓу двете земји и ја отвори вратата за членство на Северна Македонија во НАТО.

Договорот беше постигнат во период кога на власт во Грција беше СИРИЗА, а во Македонија – СДСМ, и беше потпишан од министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас, со присуство на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас. На церемонијата присуствуваа и претставници од меѓународната заедница, вклучувајќи го и посредникот Метју Нимиц и високи функционери од ЕУ.

Преспанскиот договор останува еден од најзначајните дипломатски успеси на државата со трајно влијание врз политичката и геополитичката стабилност во регионот.

Сподели го овој напис