ПРВ.мк
Македонија

Украле таблички од друго возило и превезувале мигранти – ова се деталите!

Украле таблички од друго возило и превезувале мигранти – ова се деталите!
Kristal

Полицијата уапси две лица кои се сомничат за криумчарење мигранти и употреба на украдени регистарски таблички во гевгелискиот регион.

На 04.11.2025 година, околу 20:00 часот, во близина на ловиштето „Погана“ кај Гевгелија, полициски службеници од ПС за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Д.Ј. (37) од Кавадарци.

При акцијата, полицијата забележала група од 16 мигранти  13 од Египет, двајца од Турција и еден од Сирија – како илегално се движат во пограничниот појас. Во нивна близина било затекнато возило „Шевролет Каптива“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.

Полицијата утврдила дека табличките на возилото биле украдени и припаѓаат на друго возило.

Исто така, било констатирано дека граѓанинот на Сирија Х.А. (28) му помагал на Д.Ј. при криумчарењето – тој заедно со мигрантите илегално ја преминал државната граница и ги спровел до местото каде требало да бидат превезени понатаму.

Мигрантите се префрлени во прифатно-транзитниот центар во Гевгелија, а возилото е одземено како доказ.

Двајцата осомничени се задржани во полициска станица, а за случајот е известен јавен обвинител. По целосно документирање, против нив ќе биде поднесена кривична пријава за криумчарење мигранти и употреба на украдени регистарски таблички.

Escape