Државниот инспекторат на Хрватска издаде итно предупредување за повлекување на сите серии од производот „Babylove силиконски лажички за учење јадење (2 парчиња)“, кој се продавал во продавниците на „dm“, поради потенцијална опасност од задушување кај децата.
Според официјалното соопштение, при користење на лажичките постои можност да се одвојат мали делови, кои претставуваат ризик за најмалите.

Инспекторатот наведува дека производот не ги исполнува безбедносните стандарди и затоа е донесена одлука за негово итно повлекување од пазарот.
Од компанијата „dm-drogerie markt“ им се извинија на потрошувачите и ги повикаа сите родители веднаш да престанат да го користат производот.
Лажичките може да се вратат во која било продавница на „dm“, без разлика дали се користени или не, а купувачите ќе добијат целосен поврат на средствата и без приложување на фискална сметка.








