ПРВ.мк
Црна Хроника

БРУТАЛНО УБИСТВО: Го врзале за столб и го мачеле до смрт

БРУТАЛНО УБИСТВО: Го врзале за столб и го мачеле до смрт

Вишото јавно обвинителство во Сомбор подигна обвинение против двајца мажи за тешко убиство при разбојништво на свиреп начин, поради смртта на 55-годишниот Александар С. од Оџаци, чие тело минатата година беше пронајдено врзано за столб во близина на Врбас.

Обвинети се Зоран К. (28) и Миле Д. (43), кои според истрагата го убиле Александар, а потоа му одзеле накит, часовник и автомобил.

Според обвинителството, жртвата била врзана со врвки, селотејп и јаже за рампа на земјен пат меѓу ниви, во близина на еден салаш, каде подоцна било пронајдено неговото тело.

Неофицијално, едниот обвинет претходно издржал затворска казна од 20 години, додека другиот имал полициско досие поради фалсификување документи.

Жртвата со години живеела и работела во Швајцарија, а неодамна се вратила во Србија, каде неофицијално работела како таксист. Во Оџаци бил познат под прекарот „професор доктор Салито“.

Обвинителството ги товари двајцата за тешко убиство извршено при разбојништво на особено свиреп начин, а постапката ќе продолжи пред надлежниот суд.