ПРВ.мк
Македонија

Трамп ja спомна Македонија и Охридскиот договор во одлука на САД за Западен Балкан

Трамп ja спомна Македонија и Охридскиот договор во одлука на САД за Западен Балкан

Американскиот претседател Доналд Трамп ја продолжи националната вонредна состојба поврзана со Западен Балкан, оценувајќи дека и понатаму постојат закани за националната безбедност и надворешната политика на САД.

Според објавата во Федералниот регистар, мерката се однесува на лица и организации кои поддржуваат екстремистичко насилство во регионот или ги попречуваат мировните процеси и спроведувањето на мировните договори во Босна и Херцеговина, Косово и Македонија.

Во документот повторно се споменува и Охридскиот рамковен договор од 2001 година, кој беше вклучен во американските мерки со измените на извршната наредба од 2003 година.

Од Вашингтон наведуваат дека и понатаму постојат околности кои го оправдуваат продолжувањето на вонредната состојба и санкциските механизми поврзани со Западен Балкан.

Одлуката претставува продолжување на долгогодишната американска политика насочена кон зачувување на стабилноста, безбедноста и спроведувањето на мировните договори во регионот.