Спортската сала во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ во Кавадарци е целосно реконструирана и доби современ, уреден и безбеден лик, подготвен за нови спортски предизвици и успеси на учениците.
Од некогаш дотраен простор, преку инвестиција од 4.200.000 денари, салата е трансформирана во модерен спортски објект. Со реализираната реконструкција е поставен нов спортски под, обновени се ѕидовите, поставено е современо осветлување, а значително се подобрени и системите за греење, вентилација и противпожарна заштита.
Видлива разлика и вложување во иднината
Фотографиите најдобро ја покажуваат огромната разлика меѓу претходната состојба и новиот изглед на салата. Придобивките од оваа инвестиција ќе ги чувствуваат сегашните, но и многу идни генерации ученици.
Секоја позитивна промена започнува со вложување во подобри услови за образование и спорт, а најголемата вредност од ваквите проекти остануваат насмевките и задоволството на децата.






