Куманово деновиве дише со победничка енергија! Движење ЗНАМ – За наша Македонија отвори три нови изборни штабови, кои веднаш прераснаа во места на голема посетеност и ентузијазам. Во месните заедници 11 Октомври и 11 Ноември, во Б.С. Гојчо, како и во населбата Перо Чичо, стотици граѓани дојдоа да дадат поддршка и да ја споделат својата верба во граѓанскиот концепт што го нуди ова движење.

На отворањата владееше вистинска победничка атмосфера – разговори со граѓаните, споделување идеи и јасна порака дека Куманово сака промени и силна иднина. Препознатливоста на програмата на ЗНАМ е сè поочигледна, а поддршката што доаѓа од различни делови на градот е потврда дека визијата за ново Куманово и нова Македонија добива реални димензии.

Со овие три нови штабови, ЗНАМ испраќа јасна порака дека борбата за иднината е заедничка, дека граѓаните се тие што победуваат, и дека обединувањето околу чесност, транспарентност и работа за сите е единствениот пат напред. Куманово чекори силно и решително – за своите граѓани, за својата иднина, за својата Македонија!
