ПРВ.мк
Спорт

Ѓоковиќ откри: Имал понуда што е тешко да се одбие, но никогаш не би го направил тоа

Ѓоковиќ откри: Имал понуда што е тешко да се одбие, но никогаш не би го направил тоа

Најголемиот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, во интервју со Џеј Шети откри дека во кариерата добил бројни понуди за соработка, но дека парите никогаш не биле клучниот фактор.

„Одбив многу компании бидејќи нивните вредности не се совпаѓаа со моите. Ми е тешко да застапувам нешто и да го препорачувам на илјадници луѓе ако не верувам во тоа – никогаш не би го консумирал тој пијалок или јадел тој производ. Ако не е компатибилно со мојата филозофија, тогаш нема да оди. За моите агенти можеби не е идеално, но мирен сум во душата бидејќи знам дека правам вистинска работа“, изјави Новак.

Српскиот ас зборуваше и за односот со младите тенисери. Тој објасни дека на теренот противниците веднаш се соочуваат едни со други, за разлика од фудбалот или кошарката, но дека надвор од теренот постојат начини да се пружи совет и поддршка.

„Има млади играчи кои се отворени, љубопитни и флексибилни. Зависи и од карактерот, некои се посрамежливи. Често се случува членови на тимот на некој играч да ме прашаат преку мојот тим, а потоа јас приоѓам и велам: ‘Во ред е, можеме да зборуваме’. Добивам одговор: ‘Да, но не сакам да те прекинам итн’. Важно е да имаме добра комуникација бидејќи тоа го зголемува меѓусебното почитување“, раскажа Ѓоковиќ.

Escape