ПРВ.мк
Свет

УНИЦЕФ алармира: Нехумано е да се очекува децата од Газа да побегнат – камповите се опасни и преполни

УНИЦЕФ алармира: Нехумано е да се очекува децата од Газа да побегнат – камповите се опасни и преполни

Претставничката на УНИЦЕФ за права на децата, Тес Инграм, предупреди дека е „нехумано“ да се очекува стотици илјади деца да избегаат од Газа, бидејќи импровизираните кампови на југ се преполни, небезбедни и недоволно опремени за сместување на голем број луѓе.

Инграм истакна дека условите во камповите се опасни и несоодветни, а многумина кои успеале да избегат од израелската офанзива дури се враќале во опасните области, бидејќи животот во камповите бил „неподнослив“.

„Нехумано е да се очекува речиси половина милион деца, кои биле повредени и трауматизирани од повеќе од 700 дена немилосрден конфликт, да избегаат од еден пекол и да завршат во друг“, рече Инграм преку видео врска од кампот Маваси.

Таа додаде дека некои од оние што избегаа дури биле убиени додека собирале вода во кампот, а луѓето се соочуваат со избор меѓу опасноста од останување или опасноста од бегство.

Израел денес започна копнена офанзива во Газа и нареди евакуација на жителите, додека ОН известуваат дека повеќе од 140.000 лица веќе побегнале во јужната област, од вкупно околу еден милион жители.

Escape