ПРВ.мк
Свет

Шок во светот на скијањето: Млад италијански шампион загина ден пред роденденот

Шок во светот на скијањето: Млад италијански шампион загина ден пред роденденот

Италијанскиот скијач Матео Франкозо трагично го загуби животот на само 25 години, еден ден пред неговиот роденден. Несреќата се случила за време на тренинг во Чиле, каде што тој доживеал тешка повреда на главата.

Франкозо веднаш бил пренесен во болница во Сантијаго, но и покрај обидите на лекарите, повредата на черепот предизвикала оток на мозокот од кој немало спас. Италијанската федерација за зимски спортови потврди дека официјално ја добила веста за неговата смрт од медицинските служби во Чиле.

Франкозо се сметаше за голем талент – во 2021 година ја оствари својата најголема победа во супервелеслаломот на Европскиот куп. Иако на Светскиот куп не стигна до врвот, важеше за надежен скијач со голем потенцијал.

„Ова е огромна трагедија за неговото семејство и за целиот спорт. Болката е уште поголема бидејќи пред помалку од една година ја загубивме и младата скијачка Матилде Лоренци“, изјави со длабока жал претседателот на федерацијата Флавио Рода.

Скијачкиот свет остана во шок – наместо роденденска прослава, денеска неговото семејство и пријателите ќе жалат за животот на еден млад спортист што ветуваше блескава иднина.

Escape