Грант Херолд, кој седум години работел како батлер за кралот Чарлс Трети и неговото семејство, открил како всушност се однесува Кејт Мидлтон кога камерите се исклучени.
„Многу е мила и опуштена. Она што го гледате во јавноста е токму тоа што го добивате со неа. Има прекрасен став, љубезна е и има смисла за хумор“, изјавил Херолд за „The Mirror“.
Тој додал дека Кејт „никогаш не се однесувала како да е подобра од другите“, без разлика на својот кралски статус. Батлерот истакнал дека секојпат кога ќе дојде во Хајгроув, прво ќе помине во кујната да разговара со персоналот, пред да продолжи со обврските.
„Многу е приземна, тоа е нешто што најмногу ми се допаѓа кај неа“, рекол Херолд.
За време на својот мандат од 2004 до 2011 година, тој имал средби и со принцот Вилијам, Кејт, принцот Хари, кралицата Камила и покојната кралица Елизабета Втора.