ПРВ.мк
Македонија

Промени на врвот: Именувани нови директори на повеќе клиники во Скопје

Промени на врвот: Именувани нови директори на повеќе клиники во Скопје
Escape

Министерството за здравство соопшти дека од вчера нови лица се поставени на чело на неколку значајни здравствени установи во државата.

На Клиниката за токсикологија, досегашниот директор д-р Андон Чибишев е заменет од д-р Арѓенд Имери, додека на чело на Институтот за клиничка биохемија доаѓа д-р Мимоза Бафќари-Бакији, која ја наследува д-р Николина Граздановска.

Покрај нив, веќе беше објавено дека нови директори добија и Клиниката за неврологија – каде д-р Игор Кузмановски го замени д-р Фатмир Меџити, како и Клиниката за кардиологија, каде д-р Даница Петкоска-Спирова го наследи примариус д-р Беким Поцеста.

Сите новоименувани директори веќе ја започнаа својата функција.

Mia Home Mavrovo