ПРВ.мк
Спорт

Крај на виножитните капитенски ленти – Премиер лигата ја укинува осумгодишната традиција

Крај на виножитните капитенски ленти – Премиер лигата ја укинува осумгодишната традиција
Escape

Премиер лигата на Англија официјално потврди дека виножитните капитенски ленти повеќе нема да се носат на натпреварите, ставајќи крај на иницијативата што беше дел од сезоните изминатите осум години.

Одлуката доаѓа по прекинувањето на партнерството со ЛГБТ+ добротворната организација „Стоунвол“, кое важеше за еден од најпознатите симболи на поддршка кон ЛГБТ заедницата во англискиот фудбал. До сега, во одредени натпревари и периоди од сезоната, капитените беа задолжени да ја носат лентата во боите на виножитото.

Според британските медиуми, иницијативата во последниве години предизвикувала контроверзии и отпори кај дел од фудбалерите. Некои играчи отворено одбиваа да ја носат лентата – како што беше случајот со поранешниот репрезентативец на БиХ, Анел Ахмедхоџиќ, кога беше капитен на Шефилд Јунајтед. Минатата сезона, капитенот на Кристал Палас, Марк Гуеи, дури напиша порака на својата лента: „Исус ве сака“, како форма на протест.

Британскиот „Телеграф“ открива дека одлуката е донесена на состанок со сите 20 капитени на клубовите од Премиер лигата, одржан вчера.

Новата сезона започнува за точно една недела, со дербито Ливерпул – Борнмут, а за првпат по долго време капитените ќе излезат без симболот кој стана препознатлив дел од англискиот фудбал.

Со оваа промена, Премиер лигата испраќа јасен сигнал дека фокусот ќе се пренасочи кон помалку поларизирачки кампањи, иако реакциите на јавноста веројатно ќе бидат поделени.

Mia Home Mavrovo