Рано утрово комбето кое ги превезуваше членовите на култниот бенд „Амадеус“ излета од патот и се преврте. За среќа, никој од музичарите не е повреден.
Александар Станимировиќ – Аца Амадеус, член на бендот, преку Инстаграм ја сподели веста и изрази благодарност што сè поминало без повреди. „Среќата нè следеше вечерва, исто како што нè следеше сите овие 25 години. Фала му на Бога што никој од бендот не е повреден… да продолжиме понатаму“, напиша тој.
Објавата ја следеа многу пораки од загрижени фанови и пријатели кои прашуваа дали сите се добро, а фотографијата од превртеното комбе само ја зголеми загриженоста.
Среќна вест – членовите на „Амадеус“ се безбедни и подготвени за нови музички предизвици.
