ПРВ.мк
Магазин

Што се случува со вашето тело кога ќе испиете чаша вода на празен стомак

Што се случува со вашето тело кога ќе испиете чаша вода на празен стомак
Escape

Пиењето чаша вода веднаш по будењето може значително да влијае врз вашето здравје и да ве натера да ги промените утринските навики.

По ноќта без внес на течности, телото е дехидрирано, што може да предизвика умор и лоша концентрација. Водата ја стимулира работата на внатрешните органи, особено бубрезите и цревата, помага во елиминирањето на токсините, го забрзува метаболизмот и го подобрува варењето.

Покрај тоа, пиењето вода на празен стомак помага и во лачењето на жолчката и олеснува празнењето на цревата, што е особено корисно за оние кои имаат проблеми со запек.

Оваа навика е особено препорачлива за луѓе со варење проблеми, висок крвен притисок или оние што сакаат да го зајакнат имунолошкиот систем. Се препорачува конзумирање на 200-300 мл млака вода, пред појадокот и други утрински активности.

За дополнителен ефект може да се додаде парче лимон или малку мед, кои дополнително го стимулираат црниот дроб и имунолошкиот систем.

Важно е да се избегнува ладна вода бидејќи таа може да го наруши варењето.

Mia Home Mavrovo