ПРВ.мк
Економија

Падна одлука: Државните работници добиваат 20% повисока плата, покачување ќе добијат и директорите

Падна одлука: Државните работници добиваат 20% повисока плата, покачување ќе добијат и директорите
Escape

Министерството за социјална политика заедно со синдикатите УПОЗ и СОНК го потпишаа новиот Колективен договор, кој предвидува значително зголемување на платите за сите вработени во јавните установи за социјална заштита.

Покачувањето од 20% важи не само за редовните вработени, туку и за директорите, со цел да се подобри материјалниот статус и да се зголеми мотивацијата во секторот.

Покрај зголемените примања, договорот ја унапредува и работничката заштита, како и механизмите за социјален дијалог помеѓу Владата и синдикатите.

Министерот Фатмир Лимани истакна дека ова е признание за посветеноста на работниците и дека подобрените услови ќе донесат и подобри услуги за граѓаните.

Mia Home Mavrovo