ПРВ.мк
Економија

ССМ притиска: Време е за минималец од 500 евра и покачување од 6.000 денари за сите

ССМ притиска: Време е за минималец од 500 евра и покачување од 6.000 денари за сите
Escape

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) официјално доби решение за репрезентативност и најави жесток настап на утрешната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС), каде ќе бара минимална плата од 500 евра, како и зголемување од 6.000 денари за сите плати во земјава.

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, испрати јасна порака до Владата и пратениците – пред изборите е моментот да се донесат конкретни мерки за подобрување на животниот стандард на работниците. Тој подвлече дека со сегашната минимална плата од 400 евра, Македонија е зад сите земји од регионот – вклучувајќи ја Србија, Црна Гора, БИХ, Словенија и Хрватска.

„Владите во соседството веќе преземаат чекори за поддршка на работниците. Сега е ред и на нашата Влада да покаже дека вистински се грижи за граѓаните,“ изјави Трендафилов.

ССМ смета дека е крајно време да се исправи неправдата кон работничката класа и дека покачувањето на платите не смее да се одложува повеќе. Утрешната седница на ЕСС може да биде клучен момент за носење на законски измени, а синдикатот најавува дека нема да отстапи од барањата.

Притисокот се зголемува, а одговорот на институциите ќе покаже дали има политичка волја за вистински економски напредок и социјална правда.

Ask ChatGPT

Mia Home Mavrovo