ПРВ.мк
Македонија

Илјадници туристи заглавени во Пиреја: Целосен прекин на траектите поради силни ветрови во Грција

Илјадници туристи заглавени во Пиреја: Целосен прекин на траектите поради силни ветрови во Грција
Escape

Десетици илјади домашни и странски туристи останаа блокирани во пристаништето Пиреја, откако екстремно силните ветрови го стопираа целиот бродски сообраќај кон грчките острови. Традиционалните летни патувања во август се неизвесни, а многумина со куфери и изморени чекаат нови информации за продолжување на пловењето.

Во делови од Грција, вклучително и во регионот на Атика, е прогласена црвена тревога за пожари. Противпожарните служби се во највисока приправност, откако веќе се пријавени големи пожари на Закинтос, Пелопонез и во Атика. Високите температури и силните ветрови кои ќе траат неколку дена го зголемуваат ризикот од нови пожари, што дополнително ја усложнува ситуацијата.

Mia Home Mavrovo