ПРВ.мк
Македонија

Министерот откри колку лица добиле работа во здравството за само 45 дена

Министерот откри колку лица добиле работа во здравството за само 45 дена
Escape

Во рок од само 45 дена, Министерството за здравство реализирало над 1250 нови вработувања во 85 јавни здравствени установи низ државата, објави министерот Азир Алиу.

Ова, според него, претставува историско кадровско зајакнување на здравствениот сектор. Досега се спроведени и над 1700 тестирања, како дел од процесот.

Алиу истакна дека со овој потег е решен статусот на лица кои со години немале сигурност, формален работен однос и здравствено осигурување, а сега добиле достоинствено место во системот.

Министерството нагласува дека овој чекор е силна порака за континуирана грижа и вложување во човечкиот капитал, што е предуслов за поквалитетни здравствени услуги за сите граѓани.

Mia Home Mavrovo