ПРВ.мк
Балкан

Катастрофален пожар: Едно лице загина, евакуирани десетици населби

Катастрофален пожар: Едно лице загина, евакуирани десетици населби
Escape

Во источниот дел на Атина, областа Кератеа, избувна голем пожар кој се прошири со огромна брзина и предизвика сериозна штета. За време на интервенцијата, пожарникарите пронашле безживотно тело на постар маж во куќа која целосно била зафатена од пламените.

Огнената стихија избувнала попладнево и повеќе од три часа била вон контрола, поради што преку бројот 112 се испратени осум предупредувања за итна евакуација на неколку населени места. Додатно, евакуиран е и старечки дом, а корисниците се пренесени на безбедна локација со брза помош и автобуси.

Во гаснењето учествуваат 190 пожарникари со 44 возила, седум пешадиски тима, 11 авиони и 13 хеликоптери, додека помош дава и полицијата. Силниот ветер, високите температури и долготрајната суша дополнително ја отежнуваат ситуацијата, поради што властите предупредија на екстремна опасност од нови пожари во Атика, централна Грција и Пелопонез.

Штетите се очекува да бидат проценети по целосното гаснење, но според првичните информации, веќе се зафатени повеќе куќи.

Mia Home Mavrovo