ПРВ.мк
Црна Хроника

Избегната катастрофа на скопскиот аеродром – Летот во последен момент спречен поради опасна ситуација

Избегната катастрофа на скопскиот аеродром – Летот во последен момент спречен поради опасна ситуација
Escape

Рано утринава околу 4 часот, на скопскиот аеродром се случи сериозен инцидент кога авион на Austrian Airlines удри во јато птици непосредно пред полетување. Благодарение на искуството и смиреноста на пилотите, избегната е голема трагедија и спасени се животите на сите патници и членови на екипажот.

Според информации, една од птиците речиси целосно го оштетила моторот на авионот од типот Airbus A320. Инцидентот се случил кога леталото веќе било на крајот од пистата и се подготвувало за полетување. Пилотите веднаш реагирале – ја намалиле брзината и успешно го запреле авионот. Летот е откажан поради сериозната штета на авионот.

Ова е втор сличен инцидент за само два дена на истиот аеродром – претходно авион на Wizz Air удри во јато птици при полетување и мораше да кружи над аеродромот пред да изведе принудно слетување.

Судирот на авиони со јата птици претставува сериозна опасност на светско ниво. Посебно е ризично доколку птиците влезат во моторите, што може да предизвика критични оштетувања. Поради тоа, многу аеродроми користат различни методи за заштита – како на пример обука на јастреби и соколи кои се користат за одвраќање на помали птици. Овој пристап, меѓу другото, се применува на аеродромот „Схипхол“ во Амстердам.

Скопскиот аеродром најавува нови мерки за контрола и превенција на вакви опасности.

Mia Home Mavrovo