Ашер Ваткинс, американски милионер и пасиониран ловец на трофеи, загина на 3 август во Јужна Африка додека учествувал во сафари-експедиција во провинцијата Лимпопо. Несреќата се случила кога животно, познато по својата агресивна природа и непредвидливост, извршило изненадувачки напад.
Ваткинс бил во друштво на професионален водич кога инцидентот се случил. Според компанијата која ја организирала експедицијата, сè се одвивало според строгите протоколи, но природата сепак си го побарала своето. Животното, со тежина од над една тонa, се движело со неверојатна брзина и ја променило судбината на американецот за само неколку секунди.
Иако познат по објавување на фотографии од лов на социјалните мрежи, по трагедијата, профилите на Ваткинс беа преплавени со реакции – од сочувство, до критики на неговиот стил на живот. Многумина го видоа инцидентот како иронична судбина за човек кој целиот живот го поминал во лов на опасни животни.
Во моментот на трагедијата, неговото семејство се наоѓало во близина, а веста за неговата смрт ја потврди и неговата поранешна сопруга, која изрази шок и неверување.
Компанијата организатор на сафари потсети дека ловот на одредени диви животни, особено на видови познати по агресија, носи голем ризик. И покрај сите мерки на претпазливост, секогаш постои можност самиот ловец да стане цел.