ПРВ.мк
Спорт

ШОК ВО БАРСЕЛОНА – ИНИГО МАРТИНЕЗ ГО РАСКИНА ДОГОВОРОТ И СЕ СЕЛИ ВО АРАБИЈА?

ШОК ВО БАРСЕЛОНА – ИНИГО МАРТИНЕЗ ГО РАСКИНА ДОГОВОРОТ И СЕ СЕЛИ ВО АРАБИЈА?
Escape

Каталонскиот гигант Барселона остана без еден од своите најсигурни дефанзивци – Иниго Мартинез, кој ненадејно го раскина договорот што важеше до летото 2026 година. Шпанскиот репрезентативец кариерата ќе ја продолжи во редовите на саудискиот Ал-Наср, каде ќе потпише договор до 2026 година, со можност за продолжување до 2027.

Информацијата ја потврди реномираниот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо, додавајќи дека Барса првично немала план да го пушти Мартинез. Сепак, неговото заминување отвора значителен простор во буџетот за плати, што ќе им овозможи на Каталонците да ги регистрираат новите засилувања – Маркус Рашфорд и Жоан Гарсија.

Во Ал-Наср, Мартинез ќе стане соиграч на Кристијано Роналдо, кој има договор со клубот до 2027 година. За Барселона, овој трансфер значи дека Андреас Кристенсен и Роналд Араухо речиси сигурно ќе останат, бидејќи клубот веќе се ослободи од еден централен бек – како што претходно ова лето најави спортскиот директор Деко.

Искуствениот 34-годишен стопер зад себе има блескава сезона во дресот на Барселона – одигра 46 натпревари, постигна 3 гола и запиша 6 асистенции. Пред да пристигне на „Камп Ноу“, играше за Атлетик Билбао и Реал Сосиедад, а со шпанската репрезентација има настапено на 21 натпревар и постигнал еден гол.

Овој потег не само што го менува составот на Барселона пред стартот на новата сезона, туку и испраќа силен сигнал дека Саудиската лига продолжува да го засилува својот ростер со големи европски имиња.

Mia Home Mavrovo