ПРВ.мк
Спорт

Официјално: Дарвин Нуњез го напушта Ливерпул и се сели во Азија?

Официјално: Дарвин Нуњез го напушта Ливерпул и се сели во Азија?
Escape

Официјално: Дарвин Нуњез е нов фудбалер на Ал-Хилал, а трансферот кој го потресе европскиот пазар конечно е финализиран. Уругвајскиот напаѓач го кажа своето „да“ и сега останува само да ги помине лекарските прегледи пред да биде претставен од саудискиот клуб, каде што тренерската палка ја држи Симоне Инзаги.

Според извори блиски до преговорите, Нуњез ќе заработува неверојатни 20 милиони фунти по сезона, со што станува еден од најплатените напаѓачи во светот. Ливерпул пак, ќе добие 53 милиони фунти на име обештетување, со можност за дополнителни бонуси врз основа на индивидуалниот и тимскиот успех на Нуњез во Ал-Хилал.

Овој трансфер значи нова фаза во тимот на Арне Слот, кој ова лето остана без тројца напаѓачи: Диого Жота трагично го загуби животот, Луис Диас се пресели во Баерн Минхен, а сега и Нуњез замина за Саудиска Арабија.

Ливерпул веднаш ќе мора да реагира – како најсериозни заменици се споменуваат Александер Исак од Њукасл и Родриго од Реал Мадрид, за кои клубот веќе има активен интерес. Тимот сè уште располага со офанзивци како Мохамед Салах, Флориан Вирц и Хуго Екитике, но нов голгетер е неопходен.

Саудиските клубови продолжуваат да го „купуваат“ европскиот фудбал со баснословни понуди, а Ал-Хилал доби играч во полна сила кој може да биде новата ѕвезда на тамошната лига.

Mia Home Mavrovo