ПРВ.мк
Балкан

Бугарија се подготвува за евро: Цените од денес мора да бидат во лева и евра

Бугарија се подготвува за евро: Цените од денес мора да бидат во лева и евра
Escape

Од денес во Бугарија стапува во сила нова обврска за трговците: сите цени во продавниците мора да бидат прикажани и во лева и во евра, со цел да се подготви теренот за воведување на еврото како официјална валута.

Ова значи дека секој производ и услуга мора да има двојна цена – со ист фонт, големина и боја, за да не се создаде впечаток дека се работи за попуст или промоција. Доколку има реална промоција, таа мора да биде јасно одбележана со посебна етикета.

Забрана за неосновано зголемување на цени

Сè до 31 декември следната година, трговците нема да смеат да ги зголемуваат цените, освен ако не постојат јасни економски причини. Мерката има за цел да спречи вештачки раст на цените во пресрет на преминот кон еврото.

Дополнителни обврски за големите трговци

До крајот на 2026 година, сите големи трговци (со промет над 10 милиони лева годишно) ќе бидат обврзани секој петок до 7 часот наутро, на своите веб-страници да објавуваат цени на основните производи од т.н. голема потрошувачка кошничка. Ова се однесува на храна, пијалоци, тутун, лекови и други неопходни производи.

Исклучоци

Од правилото за двојни цени се изземени бензинските пумпи и такси услугите.

Со оваа мерка, Бугарија се приближува кон целосна интеграција со еврозоната, а потрошувачите ќе добијат подобра информираност и заштита од евентуални злоупотреби во процесот на менување на валутата.

Mia Home Mavrovo