ПРВ.мк
Балкан

Хрватска враќа обврзителен воен рок: Младите и цивилна служба ќе добиваат надоместок - еве колку би добивале

Хрватска враќа обврзителен воен рок: Младите и  цивилна служба ќе добиваат надоместок - еве колку би добивале
Escape

Од следната година, во Хрватска повторно се воведува обврзниот воен рок, кој вклучува и можност за цивилна служба за лицата што бараат ослободување од воената обука по основ на призив на совест.

Младите кои ќе ја извршуваат цивилната служба ќе бидат ангажирани во единици на локалната самоуправа, каде ќе работат на одржување на јавни површини, комунални системи, патишта, како и активности поврзани со заштита од пожари и цивилна заштита. Цивилната служба ќе трае четири месеци со полно работно време, но без обезбедено сместување.

Тие што ќе изберат воена обука, ќе добиваат месечен надоместок, како и платени трошоци за исхрана, превоз и одмор.

Постојат и други модели на цивилна служба, како тримесечен ангажман во Цивилната заштита при Министерството за внатрешни работи, каде што ќе биде обезбедено сместување, исхрана и опрема.

Сите лица кои ја извршуваат обврската ќе имаат право на здравствена заштита и осигурување, како и на надомест во случај на повреда или болест.

Обуката може да се одложи до 29 години поради студирање, а врвни спортски лица можат да добијат одложување од една година.

Министерството за одбрана нема да повикува лица неспособни за воена служба, кадети со договор за образование, лица со регулирана воена обврска во друга држава, како и други категории, вклучувајќи свештеници и полазници на полиција кои побарале ослободување.

Оваа мерка е дел од поширокиот план за зајакнување на одбранбените капацитети и обезбедување социјална и финансиска поддршка за младите што ја извршуваат оваа обврска.

Mia Home Mavrovo