Северозападниот дел на Кина е погоден од разорни бујични поплави, при што најмалку десет лица го загубија животот, а 33 се водат како исчезнати, јавува државната агенција Xinhua.
Поројните дождови што почнаа четврток навечер предизвикаа сериозни оштетувања во округот Јужонг, провинцијата Гансу, каде што наврнале повеќе од 220 милиметри дожд. Поплавите уништија патишта, го прекинаа снабдувањето со електрична енергија и доведоа до евакуација на околу 10.000 луѓе.
Властите издадоа највисоко ниво на предупредување за можни свлечишта, додека слични проблеми има и во други региони како Гуангжу и Пекинг, каде што неодамна загинаа повеќе од 60 луѓе поради силни дождови и свлечишта.
Во градот Женгжу е суспендирана работата, наставата и јавниот превоз, а граѓаните се предупредени на зголемена претпазливост поради новите поплави.