ПРВ.мк
Балкан

Акција на полицијата на Халкидики: Запленети чадори и лежалки кои нема да се вратат – ова се причините!

Акција на полицијата на Халкидики: Запленети чадори и лежалки кои нема да се вратат – ова се причините!
Escape

Општина Касандра, со помош на грчката полиција, изврши решителна акција за отстранување на нелегално поставени чадори, лежалки и опрема од плажите на првиот крак на Халкидики – Полихроно, Ханиоти и Пефкохори.

Сопствениците на конфискуваната опрема нема да можат да ја добијат назад, откако многупати беа игнорирани предупредувањата на три јазици кои им беа упатени на локалците и туристите. Општината порачува дека ваквите контроли ќе продолжат и на други плажи, испраќајќи силна порака дека јавниот простор мора да биде достапен за сите.

Оваа акција претставува ескалација во „војната за плажите“ во Медитеранот и јасно покажува дека локалните власти не се подготвени повеќе да толерираат узурпација на брегот, со цел да го заштитат правото на слободен пристап и правдата за сите посетители и граѓани.

Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape