Од денеска, возачите кои патуваат по автопатот Кичево – Охрид треба да бидат особено внимателни: започна поставувањето на нови камери за мерење на брзината, кои веднаш ќе почнат со санкционирање на сите прекршители.
Камерите се инсталираат на две клучни локации:
- делницата Ново Село – Дебрца
- делницата Требеништа – Горенци
Овој потег доаѓа како дел од напорите за зголемување на безбедноста на сообраќајот на една од најфреквентните делници во земјата. Надлежните апелираат возачите да ја почитуваат дозволената брзина, бидејќи казните ќе бидат автоматски регистрирани и испратени.