Според најновите радарски податоци, нестабилно време попладнево зафати делови од западна Македонија, каде се регистрирани врнежи од дожд, засилен ветер и појава на ретки грмежи.
Дожд во моментов има во Дебарскиот и Тетовскиот регион, а нестабилната облачна маса продолжува да се движи од запад кон исток.
Поради ваквото движење на облачноста, во наредниот период променливи временски услови се можни и во други делови од земјата.
Во регионите зафатени од нестабилноста можни се нагли промени на времето, па се препорачува зголемено внимание при престој на отворено и при патување.









