ПРВ.мк
Македонија

Министерството за здравство бара болниците за 20 минути да го известат кабинетот за „чувствителни“ смртни случаи

Министерството за здравство бара болниците за 20 минути да го известат кабинетот за „чувствителни“ смртни случаи

Минатата недела министерот за здравство Азир Алиу испратил интерно известување до сите клиники во Клинички центар „Мајка Тереза“, со кое директорите на болниците се задолжени да го известат Министерството за здравство во рок од 20 минути по констатирање на смртниот исход кај „чувствителни“ случаи.

Според упатството, таквите случаи се однесуваат на настани со „особен јавен интерес“, како смрт кај деца, трудници или други специфични околности. Целта е навремено да се активираат институционалните механизми, да се координира со болниците и, ако е потребно, да се известат надлежните органи и јавноста.

Министерството појаснува дека терминот „чувствителни за јавноста“ не е вредносна поделба, туку оперативна категорија за побрза институционална реакција. Насоката не влијае врз медицинското утврдување на смртта, ниту воведува нови рокови – време и констатација на смрт го утврдува одговорниот лекар согласно важечките стандарди и прописи.