ПРВ.мк
Македонија

КРАЖБА ПРЕРАСНА ВО НАПАД: Жена украла чанта од автомобил, па тргнала и физички врз сопственичката!

КРАЖБА ПРЕРАСНА ВО НАПАД: Жена украла чанта од автомобил, па тргнала и физички врз сопственичката!

Четириесет и четиригодишна скопјанка пријавила во полиција дека била жртва на кражба и физички напад во скопската населба Карпош, откако непозната жена ѝ ја одзела чантата од автомобилот.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 7 јули во 08:25 часот во СВР Скопје. Жената во пријавата навела дека додека се наоѓала во близина на своето возило, друго женско лице успеало да ѝ ја земе чантата која била оставена во автомобилот.

Во чантата, според пријавеното, имало паричник со лични документи, мобилен телефон, пари и други лични предмети.

Но, настанот не завршил само со кражбата. Откако ја земала чантата, осомничената наводно ја нападнала сопственичката на возилото, по што таа се обратила до полицијата.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, утврдување на сите околности и идентификување на лицето кое е осомничено за кражбата и нападот.

Најнови вести