Градоначалникот на Општина Кавадарци со особена чест прими благодарница од ХХ класа на полициски службеници, доделена по повод одбележувањето на големиот јубилеј – 30 години од нивното матурирање.

Овој јубилеј е силен потсетник за тридецениската пожртвуваност, висок професионализам и несебична служба на овие луѓе во заштитата на граѓаните, чувањето на мирот и одржувањето на јавната безбедност во заедницата.
„Овие три децении се сведоштво за нивната пожртвуваност, професионалност и несебична служба во заштита на граѓаните и јавната безбедност. Им посакувам добро здравје, лична среќа и исполнети денови во годините што следат. Благодарам за вашата служба, посветеност и придонес за безбедна заедница“, истакна градоначалникот по повод примањето на признанието.
Локалната самоуправа и понатаму останува отворен партнер и силен поддржувач на професионалците кои секојдневно се грижат за безбедноста на сите граѓани во Општина Кавадарци.








