ПРВ.мк
Македонија

Гори на три локации во државата – пожарникарите сè уште се борат со огнените стихии

Гори на три локации во државата – пожарникарите сè уште се борат со огнените стихии

На територијата на Македонија во текот на денешниот ден до 19 часот биле евидентирани вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои три и понатаму се активни, додека останатите седум се целосно локализирани и изгаснати.

Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), активен пожар има во општина Желино, во близина на селото Горна Лешница, каде што огнот зафатил сува трева и мешана шума.

Вториот активен пожар е на подрачјето на општина Валандово, кај селото Удово покрај реката Вардар, каде што гори ниска вегетација.

Третото активно жариште е во општина Долнени, меѓу селата Црнилиште и Стровија, каде што пламените јазици зафатиле сува трева и отпад.

Од ЦУК информираат дека сите останати пожари што избувнале во текот на денот се успешно изгаснати. Интервенции биле извршени во општините Долнени, Кавадарци, Кичево, Делчево и Желино, како и на две локации во гостиварскиот регион.