ПРВ.мк
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Приведени 12 лица низ Македонија – дрога пронајдена на повеќе локации!

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Приведени 12 лица низ Македонија – дрога пронајдена на повеќе локации!

Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници спроведоа засилени контроли на повеќе локации низ државата, при што биле приведени вкупно 12 лица поради поседување наркотични дроги. Акциите биле реализирани во Скопје, Стар Дојран, Битола и Ресен, а кај приведените биле пронајдени марихуана, бела прашкаста и бела грутчеста материја.

Во Скопје, во периодот меѓу 4 и 5 јули, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода С.С. (37), Ј.Е. (29), В.Н. (23) и А.П.Ч. (41), сите од Скопје, како и Е.Б. (40) од селото Долно Количани. При извршените прегледи кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја и марихуана.

Во Стар Дојран, на 4 јули во 19:45 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го привеле С.Н. (43) од Струга, откако при преглед кај него била пронајдена марихуана.

Само 45 минути подоцна, на истата локација, бил приведен и С.Ј. (30) од Скопје. При контрола на патнички автомобил „Голф“ со скопски регистарски таблички, кој го управувал, полицијата пронашла марихуана, а при личен преглед кај него била откриена и бела грутчеста материја.

На 5 јули, околу 00:30 часот, во Стар Дојран бил лишен од слобода и В.М. (29) од селото Раброво, валандовско. При преглед кај него била пронајдена бела грутчеста материја.

Во Битола, на улицата „Трајче Магловски“, полициски службеници ги привеле Г.Ш. (33) и Н.Ш. (30), двајцата од Битола. При извршената контрола кај Г.Ш. била пронајдена марихуана.

Полициска интервенција имало и во ресенско. Во селото Долно Дупени биле приведени А.Ј. (39) од истото село и В.Т. (25) од Скопје. При контрола на патничко возило „Рено“, управувано од А.Ј., во кое сопатник бил В.Т., била пронајдена марихуана.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосното документирање на сите случаи, против приведените ќе бидат поднесени соодветни пријави согласно важечките законски прописи.

Најнови вести