Минатата недела, цените на нафтата на светските пазари бележат благо намалување. На лондонскиот пазар, барелот се движеше на 65,07 долари (-1,3%), додека на американскиот пазар цената падна на 60,88 долари (-1,0%).
Причината за намалувањето е побавниот раст на најголемите економии во светот, што го намали очекуваното зголемување на побарувачката, додека понудата останува висока. По скокот од околу 7% една недела претходно поради западните санкции врз руската нафта, цените минатата недела стабилизираа, без значителни флуктуации.
Меѓународната агенција за енергија (IEA) прогнозира дека производството на нафта во САД, Канада, Бразил, Гвајана и Аргентина ќе го надмине растот на побарувачката на почетокот на следната година. Од друга страна, ОПЕК очекува побарувачката да порасне за 1,3 милиони барели дневно следната година, двојно повеќе од проценките на ИЕА.
На неодамнешниот состанок, ОПЕК+ одлучи да го зголеми производството за само 137.000 барели дневно во декември и не планира дополнително зголемување во првиот квартал од следната година. Тоа сугерира дека цените најверојатно ќе останат стабилни со можност за благо намалување доколку побарувачката не го следи растот на понудата.
Аналитичарите предупредуваат дека пазарот на нафта може да биде презаситен ако производството продолжи да расте, што би го држело притисокот врз цените и во наредните месеци.














