Во одлична атмосфера и пред бројна публика, вечерва продолжија Кавадаречките фолклорни средби, кои се дел од програмата на Кавадаречко културно лето 2026.

Градскиот плоштад уште еднаш се претвори во сцена на македонската и меѓународната традиција, исполнета со народни носии, музика и игра. Присутните имаа можност да уживаат во богата програма која ја претстави убавината на фолклорното наследство и духот на различни култури.

На сцената вечерва настапија ФА „Тиквеш“ од Кавадарци, ФГ „Мишел Грион“ од Италија, КУД „Доситеј Обрадовиќ“ од Србија и КУД „Илинден“ од Битола, кои со своите изведби ја воодушевија публиката и создадоа незаборавна фестивалска атмосфера.

Манифестацијата продолжува и утре со завршната фестивалска вечер, кога посетителите ќе имаат можност да проследат нови настапи и уште еднаш да уживаат во богатството на народната музика, игра и традиција, со што ќе биде заокружено уште едно успешно издание на Кавадаречките фолклорни средби.








