ЈП „Комуналец“ денеска реализираше активности за мулчирање на потегот што се протега од одморалиштето Михајлово, преку Витачево, па сè до Моклиште.
Со ангажирање на соодветна механизација се расчистува ниската вегетација покрај трасата, со што се подобрува пристапноста, се зголемува безбедноста за сите учесници во сообраќајот и се придонесува за поуреден изглед на просторот.
Од јавното претпријатие посочуваат дека ваквите активности се дел од редовната програма за одржување на јавните површини и патните појаси. Целта е навремено да се отстрани обраснатата вегетација, да се овозможи подобра прегледност и да се создадат побезбедни услови за движење.
Од ЈП „Комуналец“ најавуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со слични акции на повеќе локации, со цел јавните површини да бидат чисти, уредни и функционални во интерес на сите граѓани.








