Сончево и топло време со мала до умерена локална облачност ќе преовладува во поголем дел од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18 степени, додека максималната ќе достигне од 31 до 37 степени.
Скопје до 37 степени
Во Скопје ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до 18 степени, а максималната ќе достигне 37 степени.
И во Велес се очекува сончево и топло време, со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер.
Температурите во Велешко ќе бидат високи, па граѓаните треба да бидат внимателни при подолг престој на отворено, особено во најтоплиот дел од денот.
До средината на следната работна седмица времето ќе биде сончево и топло, со слаба до умерена облачност.
Во недела ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, кој долж Повардарието ќе надминува брзина од 40 километри на час.
Топлото време ќе продолжи, а високите дневни температури повторно ќе бидат главна карактеристика на временската прогноза.









