Полицијата во Берово поднесе кривична пријава против 44-годишен жител на градот, кој е осомничен за кражба на дрвна маса од државна шума.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот се случил на 27 април на локалитетот „Рачица“, каде осомничениот бил затекнат додека без дозвола присвојувал црноборови облици наменети за изработка на палети.
По преземените мерки и документирањето на случајот, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднела кривична пријава против осомничениот поради сомнение дека го сторил кривичното дело „кражба“.
Надлежните институции продолжуваат да постапуваат согласно законските процедури.








