ПРВ.мк
Македонија

Жителите на Аеродром на улица: Протест против загадувањето од Вардариште

Жителите на Аеродром на улица: Протест против загадувањето од Вардариште

Во општина Аеродром денеска се одржа протест на граѓани кои со месеци алармираат дека од поранешната депонија Вардариште се шири неподнослива миризба и загадување што, според нив, сериозно го загрозува здравјето на населението.

Незадоволните жители испратија јасна порака дека нема да се откажат од протестите сè додека институциите не преземат конкретни мерки за решавање на проблемот.

Организаторите најавија дека доколку и натаму не добијат одговори од надлежните, демонстрациите ќе продолжат и во наредните денови.

Escape