ПРВ.мк
Македонија

Шок во МВР: Тројца скопски полицајци „скинале“ над 170 казни и направиле милионска штета

Шок во МВР: Тројца скопски полицајци „скинале“ над 170 казни и направиле милионска штета

Тројца скопски полицајци се соочуваат со кривична пријава поради сериозно несовесно работење во службата, кое резултирало со застарување на над 170 сообраќајни казни и материјална штета за буџетот на МВР проценета меѓу 865.425 и 1.987.215 денари.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против Б.Ф., Ѓ.И. и С.П., сите од Одделението за прекршоци при СВР Скопје. Истите во периодот од 1 јануари 2022 до 31 декември 2023 година примиле записници за констатирани сообраќајни прекршоци, но не постапиле во законскиот рок од две години, овозможувајќи да настапи застареност на предметите.

За 143 предмети не биле поднесени барања за поведување на прекршочна постапка, додека за уште 30 предмети барањата биле изготвени, но не биле проследени до надлежните институции. Со овие дејствија, полицајците предизвикале сериозна финансиска загуба за државата, истакнуваат од МВР.

Случајот ја поттикна јавноста да бара повисока одговорност и поголема контрола врз работењето на службите во областа на сообраќајните прекршоци.

Escape