Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека одбранбената соработка меѓу Косово, Хрватска и Албанија не е случајна, туку е насочена против Србија. „Косово, Хрватска и Албанија не формираа воен сојуз случајно. Тие го формираа овој сојуз против Србија, а не против Австрија, Унгарија или Словенија. Србија нема да му наштети никому, туку ќе ја зајакне својата армија за да го заштити својот територијален интегритет“, истакна Вучиќ.
Декларацијата за заедничка соработка во областа на одбраната меѓу Албанија, Косово и Хрватска беше потпишана на 18 март, што, според Вучиќ, ја нагласува потребата Србија да ја консолидира својата одбрана и безбедност.