ПРВ.мк
Свет

Мерц со жесток напад: Путин е „најголемиот воен злосторник“, Кремљ со остра реакција

Мерц со жесток напад: Путин е „најголемиот воен злосторник“, Кремљ со остра реакција

Канцеларот на Германија, Фридрих Мерц, предизвика жестоки реакции во Москва откако во интервју го нарече рускиот претседател Владимир Путин „можеби најтешкиот воен злосторник на нашето време“.

Кремљ веднаш возврати, со портпаролот Дмитриј Песков кој изјави дека ставовите на Мерц за мировните преговори се „невозможни за земање предвид“ поради неговите навреди, додавајќи дека коментарите доаѓаат во момент кога тој престојува во Кина.

Мерц порача дека „за луѓе како Путин нема простор за попустливост“ и го обвини за „терор врз цивилното население“. Иако и претходно ја обвинуваше Русија за воени злосторства, ова е првпат германскиот канцелар директно да го означи Путин како најтежок воен злосторник.

Да потсетиме, во март 2023 година Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Путин поради сомневање за незаконска депортација на украински деца.

Escape