Пејачката Александра Пријовиќ денеска се породила во приватна клиника и на свет ја донесе својата здрава ќерка. И мајката и бебето се во одлична здравствена состојба, а гордиот татко Филип Живојиновиќ со возбуда ја очекува првата средба со наследничката.
По породувањето, Александра е сместена во луксузен апартман каде ќе го помине периодот на опоравување. Семејството претходно го подготви детското катче во домот, вложувајќи голем труд за бебето да има најубав простор.
Посебна возбуда владее кај малиот Александар, кој со голема радост ја очекува својата сестричка. Со нејзиното раѓање, семејството Живојиновиќ започнува ново поглавје полно љубов и среќа.