ПРВ.мк
Македонија

Секоја аптека мора да ги има овие лекови – граѓаните повикани да пријавуваат

Секоја аптека мора да ги има овие лекови – граѓаните повикани да пријавуваат

Секоја аптека има обврска да ги обезбеди и издава лековите што се на позитивната листа и се препишуваат на рецепт, порача генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.

Тој ги повика граѓаните да реагираат доколку некоја аптека одбие да им издаде лек на рецепт. Пријавувањето може да се направи до Фондот, преку официјалниот инфо-мејл или преку формуларот за информации.

„Секој лек што е на позитивната листа мора да се издава на рецепт“, истакна Клековски.

Изјавата беше дадена по прес-конференцијата во Владата, на која беше презентирано новото проширување на позитивната листа со три антикоагулантни лекови: еноксапарин, надропарин и ривароксабан.

Од ФЗО нагласуваат дека достапноста на лековите е важна за пациентите и дека аптеките треба да ги почитуваат своите обврски.