ПРВ.мк
Македонија

„Што се случува на автопатот?“ Српски турист предупреди на две опасности во Македонија

„Што се случува на автопатот?“ Српски турист предупреди на две опасности во Македонија

Српски турист преку социјалните мрежи ги предупреди возачите да бидат особено внимателни додека патуваат по автопатот низ Македонија, откако, според неговите тврдења, налетал на карпа што се наоѓала на коловозот.

Тој навел дека инцидентот се случил кратко по втората наплатна рампа во правец од Грција. Како што објаснува, успеал да избегне посериозна несреќа, а на неговото возило била оштетена само заштитната пластика под шасијата, по што продолжил со патувањето.

На следната патарина, вели, добил информација дека и други возачи претходно го пријавиле истиот проблем и дека надлежните служби веќе биле известени и испратени на терен.

Неколку километри понатаму, туристот забележал и големо куче кое се движело покрај автопатот, поради што уште еднаш ги повикал сите учесници во сообраќајот да возат внимателно и да бидат подготвени за можни непредвидени ситуации на патот.