ПРВ.мк
Македонија

Со дефиле и македонски ора свечено започнаа Кавадаречките фолклорни средби 2026

Со дефиле и македонски ора свечено започнаа Кавадаречките фолклорни средби 2026

Со свечено дефиле низ градските улици и богата културно-уметничка програма, вечерва беше означен почетокот на Кавадаречките фолклорни средби, кои се дел од програмата на Кавадаречко културно лето 2026.

Градскиот плоштад беше исполнет со бројни посетители кои уживаа во звуците на македонската народна музика, традиционалните игри и богатството на автентичните народни носии. Настанот донесе празнична атмосфера и уште еднаш ја потврди важноста на негувањето на македонското културно наследство.

На првата фестивалска вечер пред публиката настапија Фолклорниот ансамбл „Тиквеш“ од Кавадарци, Фолклорниот ансамбл „Блажевски“ од Скопје и КУД „Илинден“ од Струга, кои со своите настапи беа наградени со силен аплауз.

Организаторите најавуваат дека програмата продолжува и во наредните два дена, кога посетителите ќе имаат можност да проследат настапи на нови фолклорни ансамбли и уште еднаш да уживаат во богатството на македонската традиција, музика и игра.

Кавадаречките фолклорни средби и годинава претставуваат едно од најзначајните културни случувања во рамките на Кавадаречко културно лето 2026, обединувајќи љубители на фолклорот од различни делови на земјата.