ПРВ.мк
Магазин

После долго време Цеца ја покажа вилата на Кипар – погледнете во каква состојба е денес

После долго време Цеца ја покажа вилата на Кипар – погледнете во каква состојба е денес

По бројните приказни и шпекулации за состојбата на нејзиниот имот на Кипар, Светлана Цеца Ражнатовиќ повторно покажа дел од луксузната вила во која со години престојува кога сака да се одмори далеку од јавноста.

Пејачката деновиве отпатувала на Кипар со синот Вељко и снаата Богдана, а на социјалните мрежи споделила снимки од дворот и големиот базен.

На вечерните кадри се гледа осветлениот базен, опкружен со палми и бели камени детали, со препознатлив медитерански амбиент.

Новите снимки привлекле внимание и поради претходните фотографии и видеа што кружеа на социјалните мрежи, на кои се тврдеше дека имотот бил запуштен и дека подолго време никој не престојувал таму.

Со најновите објави, Цеца покажа дека повторно престојува во вилата и дека имотот и понатаму го користи како место за одмор.

Вила од 600 квадратни метри

Според информациите објавувани во српските медиуми, вилата се простира на околу 600 квадратни метри и се наоѓа на Кипар, во областа Аја Напа.

Цеца ја купила недвижноста во 2006 година, а своевремено открила дека за неа подигнала кредит.

„Сакав нешто егзотично, убаво и да биде на самиот брег. Кога ги видов фотографиите од вилата, знаев дека тоа е тоа“, раскажувала пејачката за купувањето на имотот.

Во комплексот има голем базен, а во дворот е изградена и капела украсена со фрески, која, според медиумските извештаи, била осветена од свештеници на Српската православна црква.

Пејачката и претходно зборувала дека Кипар го доживува како своја втора куќа и место каде може да ужива во поголем мир и приватност.

Овојпат, без многу зборови, со неколку кадри од дворот и базенот повторно покажа како изгледа нејзината медитеранска оаза.